Исплатени 20 млн. евра за обврзниците

Bez autora
Jun 03 2010

Министерството за финансии вчера исплати 20 милиони евра во денарска противвредност, по основа на издадените обврзници за денационализација. Во соопштението од Министерството се наведува дека се исплатени осмата главница и камата за обврзниците за денационализација од првата емисија, седмата главница и камата за обврзниците од втората емисија, шеста главница и камата за третата емисија, петтата главница и камата за четвртата емисија, четврта главница и камата петтата емисија, трета главница и камата за шестата емисија, втора главница и камата за седмата емисија и прва главница и камата за обврзниците од осмата емисија. Во Министерството за финансии објаснуваат дека граѓаните што ги очекуваат овие средства сега можат да си ги подигнат парите од домашните банки. Инаку, исплатата на обврзниците за денационализација се одвива во десет годишни рати. Со исплата на првата емисија на обврзници се стартуваше во 2003 година. Оттогаш досега по основа на обврзниците за денационализација државата вкупно има исплатено 97 милиони евра.

Исплатени 20 млн. евра за обврзницитеМинистерството за финансии вчера исплати 20 милиони евра во денарска противвредност, по основа на издадените обврзници за денационализација.

Во соопштението од Министерството се наведува дека се исплатени осмата главница и камата за обврзниците за денационализација од првата емисија, седмата главница и камата за обврзниците од втората емисија, шеста главница и камата за третата емисија, петтата главница и камата за четвртата емисија, четврта главница и камата петтата емисија, трета главница и камата за шестата емисија, втора главница и камата за седмата емисија и прва главница и камата за обврзниците од осмата емисија.

Во Министерството за финансии објаснуваат дека граѓаните што ги очекуваат овие средства сега можат да си ги подигнат парите од домашните банки. Инаку, исплатата на обврзниците за денационализација се одвива во десет годишни рати. Со исплата на првата емисија на обврзници се стартуваше во 2003 година. Оттогаш досега по основа на обврзниците за денационализација државата вкупно има исплатено 97 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik